4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Неколку училишта во Куманово без греење, учениците не одат на настава

Четири основни училишта во Куманово немаат нафта за греење, поради што учениците не одат на настава. Станува збор за училиштата „Бајрам Шабани“, „Наим Фрашери“, „Вук Караџиќ“ и „Христијан Карпош“.

Со овој проблем се запознаени од Општина Куманово, каде одговорниот за образование, Живко Крстевски истакна дека проблемот настанал откако истекол договорот со набавувачот на нафта.

Веќе е распишан нов конкурс за барање на нов набавувач, а родителите на децата порачуваат дека немаат намера да ги праќаат своите деца на училиште, се додека не бидат сигурни дека проблемот со греењето е решен.

поврзани објави

Последни објави