Протестите во Романија, на кои излегоа повеќе од 300.000 граѓани, од кои 150.000 во Букурешт, завршија со судири помеѓу демонстрантите и полицијата.
Како што пренесуваат романските медиуми, по ракометниот натпревар помеѓу Рапид и Динамо, навивачките групи од двата табора влегле во толпата, по што започнале да маваат кон полицијата со камења, шишиња и фрлале факели. Полицијата на тоа одговорила со солзавец.
Во Романија протестот се случува поради незадоволство од донесениот декрет за амнестија, каде секој политичар кој на службената положба ќе има проневера на помалку од 44.000 евра, нема да може да добие казни со мерка затвор.
https://www.youtube.com/watch?v=kCVGPFsruDg