Во интервју за магазинот „Гордост“, премиерката зборувала за дискриминацијата со која се соочува секојдневно.
Поддршка од најблиските има, но се надева дека приказните за подлебите на „геј“ и „стрејт“ ќе престанат да бидат табу.
Вели дека не ѝ пречело тоа што кога прифатила работа во Владата на Србија, најпрво како министерка, а потоа како премиерка, нејзиното сексуално определување ќе биде нешто за што луѓто секогаш ќе се фаќаат.
-Не ми пречеше, бидејќи сметав дека така и Србија се менува и дека ќе научи да прифаќа различности. Се надевав дека со тоа ќе им помогнам на некои друго луѓе да се чувствуваат удобно во своја кожа, да смогнат сила да го живеат својот живот. Додуша тоа беше предизвик – навела Ана Брнабиќ.
Вели дека ја изненадиле реакциите кога сѐ било многу брзо прифатено.
-Позитивно ме изненади што повеќето граѓани, дури и оние постарите и традиционалните, тоа брзо го прифатија . Отсекогаш сакав да патувам низ Србија и луѓето да ме пречеуваат со љубов, без никакви дофрлувања и навреди – вели Брнабиќ.