15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Системот на УКИМ не функционира неколку дена – студентите револтирани

Студентите кои студираат при факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) изминатите неколку дена се соочуваат со неочекувани проблеми.

Електронскиот систем, ондосно страните на сите факултети при УКИМ не функционираат од почетокот на оваа работна недела. Студентите кои имаат потреба да се најават на своите електронски досиеа тоа не може да го сторат, а со тое некои не можат да запишат или заверат семестар.

Исто така не се во можност да ги следат новостите кои вообичаено факултетите ги истакнуваат на своите веб страни.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави