23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

РУСКО МНР: Западот сака да расчисти со Груевски

Русија денеска со соопштение преку Министерството за надворешни работи го обвини западот за манипулација за волјата на гласачите и дека сака смена на власта предводена од Груевски и Ахмети.

„Изгледа дека се врши огромно надворешно влијание врз политичките сили во Македонија со псевдодемократски слогани. Целта е очигледна – справување со македонските политичари кои се непожелни на Запад и да рекомпонирање на властите и покрај јасно изразената поддршка од гласачите за коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од Никола Груевски и Демократската унија за интеграција, предводена од Али Ахмети“, стои во соопштението.

Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.

 

поврзани објави

Последни објави