5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ФОТО: Повторно врие на Косово – српски и косовски оклопни возила на сите страни

Нови тензии ја зафатија најмладата држава во Европа, и наш северен сосед. Во Косово повторно врие, јавуваат тамошните локални медиуми.

Специјалци на косовската полиција во полна борбена опрема и подготвеност патролираат и легитимираат српско население кое живее во Косово, во местата Велика Хоча, Ораховац и Гораждевац.

Ова беше причина за итен состанок на премиерот на Србија, Александар Вучиќ со населението од Косово. Ова средба се одржа во касарната „Стефан Немања“ во Рашка каде што видливо беше дека се присутни голем број на оклопни возила, а со автобуси во ова место се донесени и голем број полицајци.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави