2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

74 годишна баба стрелаше во 260 килограми тежок алигатор: Сега ќе спијам мирно, го одмаздив мојот мал коњ

Има 74 години, но уште е енергична и жива како на 24. Бабата Џуди Кокран од Тексас и покрај својата старост, успеа да го одмазди својот коњ. Имено, таа успеала да убие 3,5 метри долг и над 260 килограми тежок алигатор. Таа вели дека се осудила на таков потег со цел да му се одмазди на животното кое го изело нејзиниот коњ.

Таа оваа своја одмазда ја подготвувала цели три години откако останала без своето милениче. Одмаздата се случила на својот ранч во Гудрич каде што со помош на само еден куршум бабичката го усмртила опасниот рептил.

“Еден куршум во глава и само потона во водата. Тие обично пред смртта почнуваат да се превртуваат, но овој не го направи тоа”, изјавила Кокран во интервју за локалните медиуми и додала дека од исчезнувањето на нејзиниот коњ, се сомневала токму во тој алигатор.

“Обично алигаторите не не’ вознемируваат, но овој го набљудувавме”, изјавила бабата која планира да го препарира телото на животното и да ја изложи главата и опашката, додека месото ќе го изеде со своето семејство.

Погледнете го видеото и целиот напис на изворот Tocka.com.mk – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави