Ентони Џоуша во својот 22 меч ја забележа и 22 победа, и тоа благодарение на нокаутот кој му го додели на Александар Поветкин во 7-та рунда од мечот, иако во претходните шест рунди, доминантен беше Русинот.
Како во овој дуел поминал Поветкин, говорат фотографиите кои два дена подоцна ги сподели самиот Русин. Набрзо е направена и паралела, пред и по борбата со Џоуша.
Иако поразен, Александар Поветкин од оваа средба заработи фантастични шест милиони евра.