16.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024
Платено политичко рекламирање

ТЕНЗИЧНО НА СЕВЕР ОД КОСОВО – Вучиќ предупредува: Останете дома!

Српскиот премиер Александар Вулиќ по завршувањето на состанокот со лидерите на Србите од Косово и Метохија соопшти дека сега најважно е да се сочува мирот и стабилноста.

„Сакам да кажам дека имавме тешки разговори во кои прифативме се. Наскоро ќе им ја соопштам целосната вистина на граѓаните на Србија. 

Четири пати за саат време ги менуваа своите предлози за кои треба да се согласиме. Во август прифативме да се договориме за повеќе работи меѓу кои и оној предлог за мостот во Митровица. Секогаш бевме спремни да го чуваме мирот, не затоа што сме уплашени, туку затоа што тоа е една рационална одлука.

Пред само месец дена постигнавме договор за мостот, но тие го погазија тој договор и одлучија да го срушат потпорниот ѕид. Ние тоа го прифативме, но тие бараат уште. За ЗСО не можевме ниту да разговараме. Цел ден говорат дека ги загрозуваме, а на Косово српска војска и полиција нема уште од 1999 година, а ниту денес ги нема“, порача Вучиќ.

Тој ги повика граѓаните на Србија да останат во своите домови, да се обидат да го зачуваат мирот и стабилноста и да им дозволат на нив да се борат во нивно име.

Мојата порака кон Србите на Косово и Метохија:

„Останете мирни по секоја цена, бидете достоинствени, гордо чувајте го своето српско име и презиме, не напушајте го своето огниште, ние ќе се бориме за вас“, изјави Вучиќ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави