-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Скандал на повидок: Џафери одбил да номинира набљудувачи кои се за опцијата „бојкот“?

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери направил скандал, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ односно нејзиниот потпретседател Игор Јанушев.

Оттаму обвинуваат декка ова фрла црна сенка врз декларативните заложби за фер и демократско изјаснување на граѓаните. Генералниот секретар на партијата смета дека набљудувачите се гаранција за законитоста на референдумот.

„Со овој чекор на Џафери се отвора огромен сомнеж за намерите на власта да организира законско и демократско референдумско изјаснување. Власта мора да одговори кому му пречи законски референдум без никакви дамки? Зошто не им се дозволува на парламентарните партии преку Собранието да номинираат набљудувачи? Кој се плаши од поголем број набљудувачи и зошто?“ – вели Игор Јанушев – генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките партии немаат право да делегираат набљудувачи возврати претседателот на Собранието, Талат Џафери кој во изјава за МИА потенцира дека изјавата на Јанушев единствено ја разбира како изјава дадена од дневно-политички побуди и потреби. СДСМ пак побараа опозициската партија да каже дали ќе учествува на референдумот во недела.

„Јасна е намерата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која и самата не знае дали ќе учествува на референдумот, на денот на гласањето, да прати партиски војници на гласачките места кои би ги забележувале и евидентирале луѓето кои гласаат, како што тоа впрочем и го правеше во минатото“, велат од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави