15.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Самобендисаниот Трамп порача: Никој не успеа да направи, ова што јас го направив во две години!

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп во денешна изјава за американскиот медиум Би-би-си уште еднаш ја потврди самобендисаноста односно својот нарциски стил.

Трамп во изјава истакна дека тој за својот двегодишен мандат направил повеќе од речиси секој претходен американски претседател.

„За помалку од две години мојата администрација постигна повеќе од речиси која било друга администрација во историјата на нашата земја“, кажа Трамп во говорот на Генералното собрание на ОН.

САД така „станаа посилни, побогати и побезбедни“, кажа американскиот претседател, на што присутните светски лидери се насмеаја.

„Не ја очекував оваа реакција, но и тоа е во ред“, со насмевка одговори Трамп.

поврзани објави

Последни објави