Портпаролот на американскиот стејт департмент Марк Тонер изјави дека Стејт департментот ја поддржува работата на американскиот амбасадор Џес Бејли, се вели во одговорот на прашањето на гласот на Америка по македонски, по шпекулациите дека амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД.
„Американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино”, изјави Тонер.
Тој потврди дека насоките за амбасадорот Бејли и неговиот тим се да „работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општеството за унапредување на американската политика и целите на САД“ додавајќи дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија.