Откако некои од медиумите во Англија соопштија за нови расправии во Манчестер Јунајтед меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба, сега „ЕСПН“ информира дека менаџерот објавил пред тимот дека ја одзема капитенската лента од Французинот.
Ова се случило пред почетокот на денешниот тренинг. Ова беше потврдено и од страна на „Би-Би-Си“.
Тренерот ја прави оваа одлука за да покаже кој е главен на „Олд Трафорд“. Португалецо му се налутил на Погба поради грешката при голот на Вулверхемптон (1:1) во текот на викендот, но потоа светскиот шампион јавно изрази незадоволство од тактиката.
Од почетокот на сезоната, поранешниот фудбалер на Јувентус го водеше Јунајтед со лентата во три средби.
Погба се очекува да не биде во составот на „црвените ѓаволи“ за денешниот меч против Дерби Каунти во Карабао Купот.