Испаничен патник се обидел насилно да влезе во кокпит на авион зашто му се испразнил мобилниот.
Патник бил приведен на аеродромот во Мумбаи , откако се обидел да влезе во пилотската кабина зашто му се изпразнил мобилниот телефон. Некои медиуми наведуваат дека човекот бил пијан , па сепак по слетувањето на авионот , завршил во притвор. По разговорот со полицијата , било утврдено дека човекот не е терорист , туку дека навистина итно требало да го наполни телефонот.
Ова е втор инцидент неделава во индсики авиони , откако во понеделникот еден патник среде лет се обидел да ја отвори вратата на авионот. За среќа , некој од патниците го забележал и екипажот бргу реагирал.
Индиските авио компании , кои годинава имнаат рекорден број патници , поради ниските цени на билетите и високите плати во земјата , имаат голем проблем да ги научат патниците на пристојно однесување.
Така на една телевизија се емитуваат совети како да се врзува појас во авион , како да се оди во тоалет и слични совети . Годинава е нагло зголемен и бројот на сексуално вознемирување на стјуардесите.
Велат дека некои патници не престануваат да им ѕвонат и да ги бараат , а не ретко и ги допираат додека им послужуваат пијалоци.
Ваквото однесување кон стјуардесите е во подем и во САД , каде ФБИ забележало дека минатата година имало 63 случаи на сексуално вознемирување во авионите.