6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МПЗ „Тврдокорни“ – Со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е завршено!

Новоформираното Македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ денес преку соопштение ги нападнаа и криткуваат партиите од македонскиот политички блок, за како што велат, преговори кои според нив значат пречкртување на државата на Македонците.

Од таму додаваат дека македонските политички партии со влегувањето во преговори за прифаќање на платформата на албанските политички партии, започнале трговија за власт, ставајќи ги на маса најсуштинските македонски суверинитетски вредности кои за македонскиот народ би значеле катастрофални последици.

„Со партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е ЗАВРШЕНО. Нивниот и онака низок морал стана чиста нула. Никакви лаги не ги спасуваат, тие се морална нула! Не е важно колку Груевски и Заев сега ја имаат формалната политичка моќ нивните политички неморални дела станаа толку длабоки што не постои начин тие да имаат иднина како почитувани субјекти. Она кое е во колективната свест не можи да се покрие и да се запри да не ги осуди соодветно на делата.
Сега е јасно дека немаат граница во несовесната деструктивност. И двете партиски раководства го употребуваат народот како топовско месо за тие да се спасат од одговорноста за личните противправни и/или предавнички дела“, се вели во соопштението на МПЗ „Тврдокорни“

Во соопштението до јавноста од „Тврдокорни“ го повикуваат народот, на партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да гледаат како нивни егзекутори, да истапат од нив и да ги отфрлат, во спротивно меѓупартиските поделби ќе траат, како што велат самите тие, ќе допринесат до уништување на македонската држава.

поврзани објави

Последни објави