30.8 C
Skopje
Thursday, June 12, 2025

МВР со детали за инцидентот на гласањето во Ново Лисиче: Момче ги напаѓало сите во школскиот двор

На гласачко место во Основното Училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје, непознато машко лице го нарушило јавниот ред и мир со физички напади кон граѓаните кои ги затекнало во школскиот двор, кои воедно и ги навредувало со погрдни зборови.

Насилникот потоа нападнал полициски службеници.

Лицето е приведено во Полицијата Аеродром и утврдено е дека се работи за 22-годишниот К.Ж. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

поврзани објави

     

Последни објави