Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев го оствари своето избирачко право на денешниот референдум.
На гласачкото место, тој пристигна со својата сопруга и едно од децата. По гласањето, се сретна со јапонски новинари.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, гласаше на референдумот.
Порталот Либертас објави и фотографии од гласањето. Правото на глас го оствари и пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.
Исто така и поранешниот потпреседател и министер за Здравство, Никола Тодоров најави дека ќе излезе да гласа на референдумот но сеуште нема потврда за тоа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција истакна дека ставот на партијата е секој сам да одлучи што ќе прави на референдумот.