fbpx
9.8 C
Skopje

Фудбалер на Атлетико Мадрид уапсен поради насилство врз својата девојка

АКТУЕЛНО

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез синоќа беше уапсен од страна на шпанската полиција, а денес е пуштен на слобода. Од полицијата најавуваат дека 20 годишниот фудбалер бил приведен поради насилство врз својата девојка, а по разговорот бил ослободен.

Како што пренесуваат медиумите, фудбалерот во алкохолизирана состојба рано изутрина во својот дом физички ја нападнал својата девојка, а таа подоцна била однесена во болница. Тој денес беше изнесен пред јавен обвинител, а потоа ослободен.

Казната за Лукас Хернандез сеуште не е позната. Тој во Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година, а од тогаш запиша само 14 наптревари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -