Мртва трка во изминатиот период се води меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во обид да обезбедат парламентарно мнозинство. Прв шансата ја доби претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој имаше рок од 20 дена да обезбеди парламентарно мнозинство и да состави Влада. Сепак, тој не успеа да состави Влада во предвидениот рок и го врати мандатот на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Откако претседателот Ѓорге Иванов најави дека ќе го довери мандатот на оној лидер кој ќе обезбеди мнозинство во парламентот, поточно, оној кој ќе му даде 61 пратенички потпис како гаранција дека го има потребното мнозинство за состав на Влада.
„Во моментов имаме нова ситуација, ставивме крај на едно поглавје, треба да се отвори ново поглавје… ДУИ донесе одлука дека ќе контактира и со ВМРО-ДПМНЕ, и со СДСМ. Со ВМРО-ДПМНЕ поглавјето се затвори, а сега се отвора друго поглавје со СДСМ и сега во наредните денови, ќе седнеме и ќе разговараме“, изјави Ахмети.
Официјална средба меѓу лидерите на ДУИ и СДСМ нема, иако според извори блиски до СДСМ, се водат преговори на различни партиски нивоа.