Лимонот е еден од главните цитруси, кој изобилува со минерали и витамини, важни за нашето здравје.
Покрај внатрешноста на лимонот, исто така доста корисна е и неговата кора. Таа ја омекнува сувата кожа на лактите. Можете да ја размешате со 1 чајна лажица сода бикарбона и неколку капки сок од лимон. Ставете од оваа смеса на стапалата и на останатите места од телото каде ви е сува кожата, па по 15. минути измијте.
Со кората од лимон исто така можете да го намалите холестеролот и да го детоксицирате организмот. Имунитетот ви се зголемува значително од него, затоа изренданата кора може да се употребува и како зачин во храната.