Вистинската ЉУБОВ е во ПРОШТЕВАЊЕТО!
За жал денес се изначитав многу грди коментари за овој мудар, мирен и чесен старец кој што:
– вие додека уживавте во печалењето и трошењето на парите вашите деца за први другари ги избраа најлошите пороци – денес ТОЈ, БЕСПЛАТНО ви ги лекува,
– кога го нарекувате лопов сетете се дека БЕСПЛАТНО ги КРШТЕВА и ги ВЕНЧАВА вашите ДЕЦА,
– кога зборувате дека се крие и јаде мрсна храна, појдете во БИГОРСКИОТ Манастир и погледнете како целото БРАТСТВО постојано е во пост за секојдневно да нахрани повеќе од 100луѓе,
И што и да зборувате, и што и да пишувате никогаш и никаде овој старец и братството од Бигорскиот Манастир немојте да ги поистоветувате со политика и разно разни погрдни зборови, појдете и
-ПРИМИТЕ ЉУБОВ,
-ПОБАРАЈТЕ, СО МОЛИТВА И ЛЕБ ЌЕ ВЕ НАХРАНАТ,
-ЗАПЛАЧЕТЕ, СО ВОСКРЕСЕНСКА РАДОСТ ЌЕ ВЕ УТЕШАТ,
– РАДОСТ ПРИНЕСЕТЕ, ЌЕ ВИ ЈА УМНОЖАТ,
ЉУБОВ БЕСКОНЕЧНА ЉУБОВ ЌЕ Добиете.
Вистинската ЉУБОВ е во ПРОШТЕВАЊЕТО.
Прости Оче Партениј и спомни си за нас во твоите молитви. Бог нека биде со вас братство при Бигорскиот Манастир. Амин.
Вистинската ЉУБОВ е во ПРОШТЕВАЊЕТО!За жал денес се изначитав многу грди коментари за овој мудар, мирен и чесен старец…
Posted by Vlado Avramovski on Friday, October 5, 2018