Fri. Sep 22nd, 2023

Федерален судија во Сиетл синоќа изрече блокада за одклуката на новоизбраниот американски претседател Доланд Трамп со која се забранува влез на муслиманите од седум земји во САД.

Како што пренесуваат американските медиуми со оваа пресуда целосно е блокирана одлуката на Трамп која беше попишана минатата недела. Од Белата куќа најавиле дека ќе се борат против оваа пресуда, а партпаролот на Трамп, Спајсер, изјавил дека одлуката на претседателот е сосема „законска и соодветна“.

„Целта на претседателскиот указ е да се заштити нашата земја и тој има овластувања и одговорност според Устав да го штити американскиот народ“, изјавил Спејсер.

Американската федерална агенција за царина и заштита на границите упатила соопштение до авиокомпаниите во САД дека повторно на нивна територија ќе може да влегуваат патници на кои претходно им беше забранет влез поради одлуката на Трамп.

Од „Катар Ервејз“ потврдуваат дека компанијата веќе започнала со примање на патници со важечки патни документи од Сомалија, Либија, Судан, Сирија, Јемен, Иран и Ирак, истите држави за кои претходно беше потпишан указ за забранет влез на територијата на САД.

By D.S

One thought on “Федерален судија ја блокираше забраната за муслимани на Трамп”
  1. ШТОМ ТРАМП НЕ ГО ОТПОВИКА БЕЈЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ТРАМП Е ГОТОВ ФАТЕН МЕЃУ НОЗЕ ОВА МУСЛИМАНСКА БОРБА МУСЛИМАНИТЕ ЌЕ ГО НАДВЛАДЕАТ СВЕТОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.