fbpx
10.8 C
Skopje

Позната причината поради која Родригез е сеуште член на Реал Мадрид

АКТУЕЛНО

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, е главната причина поради која Хамес Родригез сеуште го носи дресот на Реал Мадрид. И покрај тоа што тој и самиот изрази желба да си замине, а челниците на кралскиот клуб дозволија, португалецот ги замеша сите планови.

Шпанските медиуми тврдат дека Роналдо сака неговиот голем пријател Хамес Родригез да остане во клуб, па најверојатно ќе остане во Мадрид и следната сезона.

Челси беше еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис, па сеуште не се исклучува можноста Родригез да заигра во Премиер Лигата. Покрај Челси, како можни следни дестинации се споменуваа Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Фантастичниот колумбиец е член на шпанскиот великан од 2014 година, а во клубот пристигна од Монако за 75 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -