14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО се претвори во филијала на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно изврши напад врз Специјалното јавно обвинителство. Од партијата сметаат дека обвинителката Катица Јанева досега не направила ниту еден чекор со што ќе ја докаже својата професионалност, туку СЈО го претворила во филијала на СДСМ.

„СЈО покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболицираниот Зоран Заев или да се реализираат партиско-политичките нарачани и фабрикувани случаи. Јанева во СЈО си го вработи сопствениот внук, но и голем број роднини на другите колеги од обвинителството. Јанева ги вработи послушниците на Заев, а им плаќаше огромни суми на пари на самопрогласените експерти и вештаци кои зборуваат како што аболицираниот Заев мисли, односно како што тој ќе им дозволи да кажат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави