Едно јадење за вистинските гурмани и љубители на сирење!
Состојки:
500 гр кори за пита
300 гр сирење
2 јајца
Масло, сол
За премачкување
Пакетче квасец
Малку шеќер
Сол
3 јајца
4 шолји млеко
2 шолји масло
22 лажици меко брашно
Подготовка:
За премачкување на корите:
Во исситнет или сув квасец, сипете малку млака вода, шеќер и сол. Кога квасецот ќе надојде помешајте го со јајцата, брашното, млеко и масло.
Се добро промешајте со лажица а може и миксер. Тестото треба да биде со густина како за палачинки.
Фил од сирење
Изгмеченото сирење помешајте го со изматени јајца и по вкус посолете. Ставете кора и со четкичка нанесете од премазот. Преку неа ставете друга кора, премачкајте ја па ставете ја третата и неа премачкајте ја. На третата кора ставете од филот со сирење.
Рабовите на кората свиткајте ги за филот да не излегува, па се завиткајте во ролна. Ставете во подмачкан плех и печете 35-40 минути на температура од 220С додека питата не порумени.