13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Каракамишева: Опа бато, денес на вонредна владина седница ќе биде ставен предлогот за измена на Уставот на РМ

Професорката и претседателка на Комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ, Тања Каракамишева, и порача на власта дека нема да обезбеди 2/3 мнозинство, откако Владата објави дека на денешната седница ќе се разговара за уставните измени.

„Опа бато, денес на вонредна владина седница ќе биде ставен предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот.

Уште еден обичен владин процедурален блеф циркуз за правдање пред странците…и ова е дел од психолошката војна, прочитани се Можат десет предлози да достават до Собрание НЕМА КОЈ ДА ИМ ГИ ГЛАСА! Ќе гукне ли барем Миле Бошњаковски кое министерство го стокми предлогот?

Да знае народ, зошто се крие тоа како најголема тајна?“, напиша Каракамишева на својот фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави