Додека Грција се соочува По обновени притисоци и критики од ЕУ и од хуманитарни организации во врска со справувањето со мигрантската криза и пренатрупаните логори, Грција почна ги сместува мигрантите во приватни станови и хотели во континенталниот дел од земјата за да го намали притисокот на грчките острови. Грчкото Министерство за миграции за ова ќе искористи 5 милиони евра донација од парламентот.
Од 21 септември до 5 октомври, 1.567 луѓе од пренатрупаниот логор Мориа на островот Лезбос беа префрлени во станови во грчката област „централна Македонија“, а во наредните неколку дена се очекуваше разместување на други 100. Уште 792 места се обезбедени со изнајмување на девет хотели во Гревена, „западна Македонија“, од кои веќе 400 се пополнети.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ), исто така, ќе обезбеди уште 5.000 хотелски сместувања до крајот на октомври.
Хуманитерните групи предупредија воизвештај за зголемената криза, безбедност и менталното здравје во Морија, а во извештајот на Меѓународниот комитет за спас (IRC) се тврди дека повеќе од 8.500 луѓе беа сместени во кампот кој има капацитет за 3.100.
„Има само по еден туш за секои 84 луѓе и еден тоалет за секои 72 луѓе“, се вели во извештајот, а „канализациониот систем е толку преоптоварен што фекалиите понекогаш стигнува до душеците каде што спијат деца“.
Извештајот доаѓа во момент кога другите европски земји заземаат сè поцврст став против мигрантите.
Извор: Експрес