Осумдесет и два пратеници неофицијално ќе дадат поддршка за Уставните измени, се коментира во последната емисија на 360 Степени.
„Се зборува за бројка од вкупно 82. пратеници, кон која би можел да се приклучи и Ферид Мухиќ, пратеникот од листата на СДСМ, кој не гласаше за ратификација на Договорот со Грција„, објави 360 Степени.
Мухиќ вели дека во овој момент не може да се произнесе, зашто сака претходно да ги види уставните измени.
За да поминат уставните измени во Собрание потребни се гласовите на најмалку 80 пратеници.
Владата го објави и предлогот за покренување измени на Уставот на РМ кој стигна во Собрание на разгледување пред донесување одлуки за отпочнување на процедурите на уставните измени, потврди собранискиот претседател.
Во предлогот се предлага придавката „северна“ да се додаде во името на Република Македонија во текстот на Уставот, така да новото име биде Република Северна Македонија.
Како што кажаа од Владата предложени се измени во воведниот дел на Уставот, согласно со Преспанскиот договор постигнат меѓу Атина и Скопје.