-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пратеник доби закана од неговата баба дека ќе го одземе животот ако гласа за промена на името

Пратеникот од редовите на опозицијата и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски јавно му порача на еврокомесарот Хан дека бара заштита од ЕУ откако добил закани во врска со гласањето за преспанскиот договор, објави Експрес.мк.

Заканите за Милошоски доаѓаат од неговата баба која што му порачала дека ако гласа за промена на името “нема да може да си ја најде главата на рамења”.

Во ироничниот одговор на Милошоски до Хан кој вчера рече дека е недозволиво да се врши притисок врз пратениците пред гласањето, пратеникот прашува каде во Брисел може да го пријави притисокот од баба му и да побара заштита од неа.

“Mr. Hahn, if I support the failed referendum & unconstitutional name-agreement, my grandma threatened me with the words “главата нема да си ја најдеш на рамена”. Please provide me the EU institution where I should report this abusive conduct & ask for a safeguard from my grandma”, му напишал Милошоски на Хан.

ЕУТОПЈОХАНЕС ХАНАНТОНИО МИЛОШОСКИ

поврзани објави

Последни објави