Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево од денес брои само пет членови, откако на денешната седница Вице стоиловски истакна дека излегува од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и во иднина ќе настапува како независен советник.
„Јас советникот во Советот на Општина Делчево, Вице Стоиловски од Делчево, изјавувам дека од денешната седница која ќе се одржи на ден 08.10.2018 година, ИСТАПУВАМ од Советничката група на „ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата“ и дека во иднина во советот на Општина Делчево ќе настапувам и ќе дејствувам како независен советник. Изјавата ја давам свесно и со добра волја без да бидам присилуван од некого“, стои во изјавата на Стоиловски до Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Претходно, од коалицијата излезе и Николчо Ситновски од ВМРО НП кој рече дека ќе ги застапува интересите на своите сограѓани и својата матична партија ВМРО Народна.