Претседателот на ГДУ Петар Колев вечерва ќе биде гостин во емисијата Отворено студио на телевизија Алфа.
Почитувани,
Денеска во 18:18 часот на телевизија Алфа ќе бидам гостин во емисијата Отворено студио. Во емисијата ќе разговараме за референдумот, перспективите на Охридскиот рамковен договор, Договорот за добрососедство со Р. Бугарија како и можните алтернативи за Македонија во овој бурен период, напиша Колев на својот ФБ профил.