6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Познат денот кога ќе се гласа за Договорот со Грција – ќе има ли нови протести

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери за понеделник закажа пленарната седница за владиниот предлог за уставни измени согласно договорот од Преспа. До тогаш се планира да се одржи и седницата на комисијата за уставни прашања.

Премиерот Заев и пратениците од власта велат дека немаат, но и не бараат гаранции дека ќе имаат дво третинско мнозинство во Собранието потребно за да се гласаат измените. Гласовите од опозициката ВМРО-ДПМНЕ се договарале преку, како што вели Заев, пријатни разговори, а исходот ќе се види од чинот на самото гласање.

Премиерот тврди дека во преговорите немало непристојни понуди. Пратениците од СДСМ понудија заштита на колегите од ВМРО-ДПМНЕ доколку имаат пртисок од матичната партија и апелираше сите пратеници да сносат одговорост и да донесат одлука.

Значи, за понеделник е закажано гласањето за Договорот, а на социјалните мрежи веќе има и повици за организирање на мирен протест пред Собранието, со цел да им се даде поддршка на пратениците, за како што велат истите, да не гласаат за Договорот со Грција.

поврзани објави

Последни објави