6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Верижен судир во Јагодина со голем број повредени и катастрофални последици – најлошо поминале двајца Македонци

Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.

Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани.

Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската амбасада во Белград засега немаат никаква официјална потврда од српското МВР за загинати македонски државјани.

Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

поврзани објави

Последни објави