Во кумановската полиција вчера утрото околу 07:00 часот било пријавено дека на улицата „Тоде Думба“ во Куманово патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици.
Возилото било управувано од Н.Ѓ. (74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К. (37) и во пешак Т.А. (71) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.