3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Матис: Иран го поддржува тероризмот, иранската војска ги започна војните вежби

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Иран е држава која му дава најголема поддршка на тероризмот.

„Што се однесува до Иран, тоа е држва која е најголема поддршка на тероризмот во светот. Мислам дека би било мудро Иран да признае дека тоа што го работи привлекува огромна внимателност од  многумина“, изјави минстерот во текот на посетата на Токио истотака додаде дека не гледа потреба да се зголеми бројот на војници на Блискиот исток.

Иран денеска започна со војните вежви во кој се вклучува и ракетни проби. Цел на вежвите е да се покаже дека Иран е спремен да се соочи и спротистави на заканите.

Во текот на вежвите ќе бидат тестирани и различни типови на радарски системи, ракети од локално производство како и команден центар, се наведува на иранските сајтови.

 

поврзани објави

Последни објави