fbpx
8.8 C
Skopje

Фантастичен рецепт за неодоливата Ferrero Rocher торта

АКТУЕЛНО

Секоја домаќинка сака да направи вкусна торта за своето семејство, а секој домаќин сака кога има сопруга која покрај тоа што е добра во кревет, поседува вештини и во кујната.

Ви нудиме фантастичен рецепт во кој ќе се вљубите после првото залче, но и рецепт кој ќе го воодушеви вашиот сакан и вашите најблиски. Ова е најнов и досега највкусен рецепт од неодоливата Ferrero Rocher торта… Уживајте!

Состојки

За кората

– 5 белки

– 5 лажици шеќер

– 4 лажици мелени лешници

– 2 лажици брашно

– 1 лажица какао

– малку прашок за пециво

За фил

– 15 жолчки

– 15 лажици шеќер

– 1 литар млеко

– 4 пудинзи од лешник

– 375 грама маргарин

– 200 грама чоколада

– 200 грама мелени лешници

За прелив

– 2 милка чоколади со лешници

– 2 лажици масло за јадење

– 1 лажица маргарин

– 6 лажици млеко

Подготовка

За кората измутете ги белките и шеќерот, во снегот од нив додадете ги прво лешниците, а потоа брашното, какаото и прашокот за печиво. Испечете 3 кори на 170 степени.

За филот измутете ги жолчките со шеќерот, додадете го пудингот сварен во млекото. Потоа додајте го маргаринот и добро измиксирајте. Поделете го филот на два дела. Во едниот додадете мелени лешници, а во другиот стопена чоколада.

За преливот стопете ги двете чоколади, потоа додадете масло за јадење и маргарин, а кога смесата ќе се соедини полека додадете го млекото. Можете за декорација да користите готови Ferrero Rocher топчиња. Добар апетит!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -