Убаво е да се биде најдобар фудбалер на светот , а уште поубаво е и да сте најплатен спортист на светот. Кристијано Роналдо ја има таа чест да ги обедини овие две најпрестижни титули тоа го потврди и „Форбс “.
На врвот е португалецот со годишна заработка од фантастични 88 милони долари( 81 милони евра).
Само од договорот со Реал Мадрид, Роналдо добива 56 милони долари додека останатите 32 му се од спонзорите и бројните реклами. На второ место е Лео Меси, тој инкасира 81 милион долари ( 75 милиони евра). Третото место е наменето за НБА ѕвездата Леброн Џејмс, кој заработува 77 милиони долари. Потоа на четвртото место следува тенисеро Роџер Федерер со 67 милион долари. Потоа на петтото следува кошаркарот Кевин Дурант со 56 милиони долари па потоа Новак Џоковиќ.
За тоа колку женскиот спорт е инфериорен во однос на машкиот говори и податокот дека само две спортистки се наоѓаат во топ 100. Двете се тенисерки и тоа Серена Вилијамс се наоѓа на 40-то место со заработка од 29 милиони долари и русинката Марија Шарапова која го зазема 88-то место со 22 милиони долари.
ДЕСЕТ НАЈПЛАТЕНИ СПОРТИСТИ НА СВЕТОТ(ВО ДОЛАРИ) :
1. Кристијано Роналдо- фудбал- 88м
2.Лионел Меси – фудбал 81м
3.Леброн Џејмс- кошарка 77м
4.Роџер Федеред- тенис 67м
5.Кевин Дурант- кошарка 56м
6.Новак Џоковиќ-тенис 55м
7.Кем Њутон-рагби 53м
8.Фил Микелсон-голф 52м
9.Џордан Спит- голф 52м
10.Коби Брајант- кошарка 50м