14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски ставен во мртовечки сандак: Отец Пимен го ОСУДИ ваквиот чин!

Откако професорот на Правниот Факултет во Скопје, Тито Беличанец објави фотографија каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е ставен во мртовечки сандак, на социјалните мрежи се огласи и Отец Пимен, кој реагираше со осуда за ваквиот чин.

Еве што напиша Отецот на својот Фејсбук профил:

„Ако осудувавме некролози на амбасадори, крст со името на Заев, не може да се премолчи и да не се осуди и оваа нова фотографија каде што Никола е ставен во мртовечки сандак. Сепак за истите човечки принципи се работи. 

А имаме и заповед да ги љубиме дури и непријателите свои. Или толку сме се одалечиле од Бога што нит него, нит ближните ги љубиме, а камо ли непријателите?“, напиша Отец Пимен на својот фејсбук профил.

Оваа реакција и осуда доаѓа откако претходно, Отецот, го осуди чинот на носење на крст на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој што предизвика лавина од реакции и коментари на социјалните мрежи.

 

АЈДЕ УШТЕ МАЛКУ! ПРЕЖИВЕАВМЕ ГОДИНИ, ЗА УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ВО КОЈ ДУИ "ЌЕ АНАЛИЗИРА" КОЈ Е ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ АЛБАНЦИ…

Posted by Tito Belicanec on Saturday, February 4, 2017

поврзани објави

Последни објави