Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред некој ден му реплицираше на еврокомесарот Јоханес Хан, каде напиша дека неговата баба му се заканила дека ќе му летне главата, доколку гласа за договорот од Преспа.
Екипата на ТВ 21 замина во Кичево, каде ја побара бабата на Милошоски, но од таможните жители дозна дека бабата на пратеникот Антонио оддамна е почината.
Дел од медиумите оваа вест на Милошоски ја пренесоа како иронија и шега, но дел ја сметаа за вистинита, поради што ја испитаа веродостојноста на истата.
Тие потоа ја побарале и мајката на неговата жена, што точно се случува, погледнете од прилогот на ТВ 21: