Невенка Стаменковска од ВМРО ДПМНЕ рече дека пратениците од СДСМ „раскажуваат приказни за деца“.
-Имате обврска како пратеници да го спроведувате Уставот и затоа барањето да се гласа за промена на името е барање со кое сами ќе си ја одредиме казната, рече Стаменковска.
Таа го повотри ставот на нејзината партија дека Договорот е ништовен затоа што, како што рече, „за првпат се случил договор во кој едната страна е незнајна“. Со Договорот, наведе Стаменковска, историските симболи ќе можеме да се користат само ако Грција го дозволи тоа.
И одговори Соња Мираковска од владејачкото мнозинство, кон чие излагање беше упатена оваа реплика, која рече дека улогата како пратеници е „да обезбедиме подобар живот за граѓаните и за земјата.
-Претходната власт потроши 11 години во комоција, а луѓето во тие години си го менуваа идентитетот со купување бугарски пасоши, но никој не се праша зошто се случува тоа. Со Договорот со Грција потврден е идентитетот, кажа Мираковска.
Извор: Нова ТВ