Што е повозбудливо? Сексот или водењето љубов?
Прашање кое најверојатно се поставува во многу ситуации. Водењето љубов може да се дефинира како „задоволство“ базирано на емоции помеѓу партнерите, кое од момент во момент се проширува и ги води партнерите во „нова“ авантура за време на интимниот однос меѓу нив.
Сексот пак, може да се дефинира како акција во која партнерите се впуштаат се со цел да го добијат посакуваниот резултат односно да успеат да бидат задоволени. Но, она што е сигурно, е дека сексот не е доволен. Тој понекогаш може да стане досаден, особено кога нема никакви чувства и емоции меѓу самите партнери. Кога буквално се ќе направиме, ќе пробаме се што ќе ни падне на памет, возбудата од секот може да престане. Токму тука, се појавува потребата од „емотивен секс“, во кој партнерите ќе се внесат целосно, а во кој, на крајот ќе се чувствуваат сакано. Водењето љубов не е навика, никогаш тоа не го правиме само колку да го направиме, што не е случај со сексот.