6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Никола Димитров побара од пратеникот на СДСМ да си поднесе оставка

Шефот на дипломатијата Никола Димитров му порачува на професорот Ферид Мухиќ да се повлече од пратеничкото столче ако не верува во договорот со Грција за името.

Во видеото од најавата на емисијата 360 степени на Алсат М министерот Димитров на прашањето дали власта успеала да го врати Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција со што потврди дека на власта не и се потребни 8 пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.

-Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете, изјавува Димитров во интервјуто што ќе биде емитувано вечерва.

Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.

поврзани објави

Последни објави