14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Владата закажа вонредна седница: Каква одлука ќе се донесе?

Владата на Република Македонија вечерва ќе ја одржи вонредна седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година.

„Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, се иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори“, најавија од Владата.

Деталите за прекројувањето на буџетот нема, но се очекува да бидат прелоцирани дел од средствата што останаа непотрошени за капитални инвестиции во ставки кои може да се реализираат до нова година..

Владата брза со ребалансот, поради можноста собранието да биде распуштено набрзо.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави