Загадувањето во Општина Карпош оваа вечер е на високо ниво, откако ПМ 10 честичките во општината се 1.218 мг/м3, што е над 24 пати повеќе од нормалната граница, потпишана од Европската Унија (50 мг/м3).
Покрај тоа што може се почувствува, вечерва тоа може и да се види. Има густа магла, додека воздухот што го вдишуваат жителите на Општина Карпош буквално смрди.
Двете политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја префрлаат топката за загаденоста на воздухот, а за сето тоа последиците се врз обичниот народ.