4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уставот бил како кошула, морал да се менува и нашиот идентитет ќе се менувал, ќе сме биле граѓани на ЕУ и на светот, вели Ременски

Пратеничката oд СДСМ и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски денеска на седница во Парламентот рече дека нема да повикува никого дали да гласа или не, но наведе дека со Договорот е заштитен јазикот, индентитетот, границите, пренесува Македониум.

Таа вели дека нашиот идентитет ќе се менува, ќе бидеме граѓани на ЕУ и на светот.

-Уставот е како една кошула која треба да се адаптира на телото, рече Ременски.

Таа вели дека и во македонското ткиво ако се запрашаме за идентитетот, едни ќе тврдат дека имаат потекло од Александар Македонски, а други вели ќе бидат пред дебата колку сме антички Македонци.

Според неа, не треба да робуваме на историски тези.

Таа вели дека се појавува и историска патетика кога се говори дека друг одлучувал за македонскиот народ.

поврзани објави

Последни објави