-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Новитети во ТВ Телма: одговорниот уредник им забранил на новинарите да коментираат политика на Фејсбук

На социјалните мрежи се шири фотографија од известување од одговорниот уредник на ТВ Телма, Атанас Кировски испратено до вработените во телевизијата преку кое се забранува било каков политички став, коментар или мислење на социјалните мрежи и медиуми кој не е одобрен од уредничкиот колегиум на ТВ Телма.

Текстот од известувањето го пренесуваме интегрално:

И З В Е С Т У В А Њ Е

Вработените во ТВ ТЕЛМА ја претставуваат во јавност телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ ТЕЛМА.

Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на Фејсбук профили, Твитер и други социјални мрежи или медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ ТЕЛМА.

Во иднина било каков коментар ќе биде санкциониран.

Одговорен уредник
Атанас Кировски

Новинарите на социјалните мрежи го коментираат ова известување, потпишано од уредникот Атанас Кировски како скандалозно и бараат ЗНМ и МАН да реагира доколку ова е вистина. Досега од Телевизијата не се оградиле од известувањто.

поврзани објави

Последни објави