Во услови на сиромаштија или социјална исклученост, живе едно од три лица во Грција и, во просек, 1 од 5 во ЕУ, покажуваат податоците од 2017 објавени од „Еуростат“.
Според Еуростат, ваква кфалификација се оценува во следните проблематични ситуации: доколку имаат помали приходи од 60% од националниот среден приход, ако не можат да се справат со основните финансиски обврски и доколку живее во семејство кое се соочува со ризик од невработеност (т.е. во семејство каде што ниту еден член нема „сигурна работа“), пренесуваат грчки медиуми.
Во Грција во 2017 година, 34,8 проценти од населението (3,7 милиони луѓе) се соочиле со ризик од сиромаштија или социјално исклучување, во споредба со 28,1 пред десет години. Во ЕУ, соодветната бројка се намали во 2017 година на 20,3% (113 милиони луѓе ), споредено со 2008 година (23,7%).
Општо земено, во полоша ситуација од Грција, Бугарија (38,9%) и Романија (35,7%) е процентот на населението за кое се смета дека е во сиромаштија или социјална исклученост.
Далерку подобра е ситуацијата во други членки на ЕУ каде процентите се : Чешка (12.2%), Финска (15.7%), Словачка (16.3%), Холандија (17%), Словенија и Франција (17.1%) и Данска (17.2%), Шведска (17.7%), Австрија (18.1 %) и Германија (19%).
Намалувањето на бројот на лица изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во ЕУ е една од клучните цели на стратегијата Европа 2020.