Четирикратниот светски првак Германија е најголемото разочарување во Лигата на нации. Оваа репрезентација е во длабока криза, па по очајната престава на Светското првенство во Русија, лошите резултати продолжуваат и во новото натпреварување на УЕФА.
Германија во најквалитетната Лига А е во група со актуелниот светски првак Франција и селекцијата на Холандија. По две кола избраниците на селекторот Јоаким Лев освоија само еден бод и тоа во првото коло на домашен терен против Франција. Потоа доживеаа пораз од Холандија од 3-0, а вчерва и 2-1 од Франција.
На социјалните мрежи Германија добива невиден сеир, бидејќи дури и Гибралтар има подобар ефект во Лигата на нации, откако нареди две победи по ред против Ерменија и Лихтенштајн.
Нормално не може да се спореди конкуренцијата во Лигата А и Лигата Д, но навистина е чудно кога една репрезентација како Германија не може да дојде до победа.