fbpx
11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Уникатно ракување на наставник со секој од неговите ученици!

АКТУЕЛНО

Бери Вајт е наставникот на учениците од петто оделение по Англиски јазик во Ешли Паркот „PREK – 8 училиштето во Шарлот, Северна Каролина кој има елаборирано личен поздрав однсно ракување со секој од неговите ученици.

„Тие знаат дека пред влезот на предната врата е задолжителен нашиот утрински поздрав кои ги прави нашите утра, „добри утра“а секој ученик има сопствен, уникатен начин на ракување со мене“, изјави Бери за неговите ентузијастични и енергични ракувања со неговите ученици.

Тој вели дека е секогаш расположен а кога почнат да ги прават потезите при ракувањето тоа им носи возбуда и ги „пумпа“ за енергетски и квалитетно поминат час.

Секое ракување е различно, со користење на сопствени потези инспирирани од личноста на ученикот.

Колегите на Бери се задоволни од начинот на кој тој дејствува, како и за ентузијазмот на учениците благодарение на неговото специфично ракување.

Еве како изгледа тоа:

https://www.youtube.com/watch?v=BUQIARSN3ag

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -