Пратеникот на ДУИ, Бранко Манојловски, денеска побара амнестија за обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ за настаните на 27. април минатата година во Собрание.
Од говорницата тој рече дека амнестијата за функционерите на ВМРО би била помалку штетна за државата отколку неуспехот на Преспанскиот договор.
Но, сопартиецот на Манојловски, Артан Груби рече дека ставот на пратеникот не е партиски, туку личен.
„Како што вие имате право на лично мислење и г-динот Бранко Манојловски има право на лично мислење кое не го претставува ставот на парламентарната група на ДУИ, а уште повеќе на ДУИ како политичка партија“, рече Груби за Алсат-М.